Таг: куп на македонија

Голманот на Вардар испровоциран во Тетово, гужва на дербито со Шкендија

Реваншот од 1/8 финале на Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар (првиот меч во Скопје заврши 2:2) беше тензичен. Во 88’ минута при една топка во гол-аут, детето задолжено за топки го провоцираше голманот на Скопјани Филип Гачевски кој не издржа и тргна кон него, по што настана хаос. На крајот Шкендија победи со 1:0 и се пласираше во 1/4 финале, а Вардар дури и по 12 години остана без можност да се бори за пехарот во Купот.

Рекордот на Брегалница Штип за кој пишува регионот

Во натпревар од 1. коло на македонскиот Куп, Брегалница го совлада прилепскиот клуб Ново Црнилиште со 22:0. Интересно е што Штипјани во прво полувреме дале „само“ 6 гола. Ново Црнилиште е тим кој игра во општинската лига на Прилеп и номинално требал да биде домаќин, но мечот се одиграл на градскиот стадион во Штип.

Кога Фичо во 93-та му го донесе првиот Куп трофеј на Ѓорче

Ако на некој денеска му е тапа без фудбал, може да си ја направи средата спортска и да гледа финале во Купот на Македонија и тоа за 100че. Одиме со едно ретро токму поради тој повод.

Судиска лакрдија во Кратово

Играа Силекс и Работнички, реванш натпревар од Купот на Македонија, а средбата ја одбележи комичниот момент кога судијата Фатон Мустафи досуди пенал за Кратовци. Тргна кон тој што го направи фаулот, но кога се сетил дека тој веќе има еден картон, му даде жолт на сосема трет играч.