Голманот на Вардар испровоциран во Тетово, гужва на дербито со Шкендија
Реваншот од 1/8 финале на Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар (првиот меч во Скопје заврши 2:2) беше тензичен. Во 88’ минута при една топка во гол-аут, детето задолжено за топки го провоцираше голманот на Скопјани Филип Гачевски кој не издржа и тргна кон него, по што настана хаос. На крајот Шкендија победи со 1:0 и се пласираше во 1/4 финале, а Вардар дури и по 12 години остана без можност да се бори за пехарот во Купот.