Срамна тепачка на пријателска Комо - Бетис

Двата клуба кои летово се зближија ептен со неколку трансфери во двата правци, некако ја расипаа калимерата на пријателска средба пред почеток на новата сезона. На познатиот турнир „Жоан Гампер“ организиран од Барселона, пред полувреме на мечот Комо - Бетис, изби голема и масовна тепачка. Иско и Ло Селсо револтирани од неколку остри старта над нив се побуниле и настанал хаосот. Сеск Фабрегас се скарал со фудбалерот Рикелме.

Комо победил на крај 3-2 со гол во судиско продолжение и сега ќе игра на 10-ти август против Барселона.

7 август 2025 - 09:13