- Поранешниот македонски шампион и клуб со традиција, Шкупи, во последните месеци стана исклучително проблематичен за македонскиот фудбал, клуб штетен за своите навивачи, но и општо за спортот во Македонија.
- Низата на инциденти кои ги предизвикува многу веројатно дека ќе продолжи и понатаму доколку некој не им застане на патот и не ги исфрли од македонскиот фудбал. А веќе направија и повеќе од доволно за тоа да се случи, пишува Спорт1.
- Кулминацијата на проблемите кои ги носи Шкупи се случи кога група родители на деца од овој клуб влегоа на терен во Штип и тепаа момчиња од екипата на Брегалница.
- Фудбалскиот судија Хавиер Ортега (48) бил убиен на терен за време на аматерски натпревар одигран во Пасахе, Еквадор.
- Играчите и навивачите вриштеле и барале да се засолнат, а судијата починал на лице место.
- Вооружените лица веднаш избегале и сè уште се на слобода.
- Во декември лани, еквадорскиот репрезентативец Марио Пинеда беше убиен во пукотница, а неговата мајка ранета додека излегувала од месарница во населбата Саманес во Гвајакил. Двајца осомничени мажи беа уапсени.
- Некогашниот легендарен германски голман кој стана симбол на Баерн Минхен, Оливер Кан изразил свое мислење по повод Мундијалот кој летово ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.
- „Во САД сега се случуваат многу нешта кои веќе не одговараат на нашите вредности. Еден од примерите е војната (во Иран). Но јас не сакам да прелистам што се Доналд Трамп направи од моментот кога се врати на претседателската функција. Сега невозможно е да се отиде таму во добро расположение“, рекол Оливер Кан.
- Како да подзаборавил дека и Германија е во воен блок и дава воена помош на други држави.