Данил Медведев, некогаш најголема надеж на светскиот тенис, играч кој им пружаше најголем отпор на Надал и на Новак Ѓоковиќ и освои еден Грен слем, во последно време е тотално непресметлив. Со хистерични испади и диви инциденти на теренот покажува дека не му е веќе до тенис. На последните три Грен слема испаѓа во 1. коло од анонимни тенисери а фрустрацијата му е сè поголема.