Нов циркус на Медо, кршеше рекет па бранеше фотограф

Дваесет и девет годишниот руски тенисер бележи пораз за пораз во последно време. На трет Грен слем по ред е исфрлен уште во 1. коло и тоа го фрустрира до таа мера што крши рекети и дивее ширум терените. Сега изгуби добиен меч на Отвореното првенство на САД и тоа од малку познатиот Французин Бонзи во 5 сета. Правеше хаос.

Овој натпревар минал во целосен циркус.

Мечот траеше скоро четири часа а на крај славеше Бенажмин Бонзи 3-2 по сетови 6:3, 5:7, 7:6, 0:6, 6:4. Во третиот сет Медведев спаси една меч топка и тоа на луд начин.

Еден фотограф влегол на терен после што Медведев полудел и влегол во расправија со судијата кој на Бонзи му го врати првиот промашен сервис повторно.

Медведев направи хаос а и публиката застана на негова страна.

„Дали си ти човек?! Дали си човек? Што се тресеш? Човекот сака да си оди дома, дечки, не сака да седи тука. Што кажа Рејли Опелка? (тенисер кој зборуваше против истиот судија Грег Аленсворт) 'Платен е по натпревар, не по час', 'Човекот сака да си оди дома', викал Медведев по судијата..

Публиката 5-6 минути не можеше да се смири и урлаше при секој обид на Бонзи да сервира за победа на стадионот „Луис Армстронг“. Фотографот бил изваден од обезбедувањето надвор и наводно му била одземена акредитациајта за сликање.

Овој хаос за малку по помогна на Медведев кој се извади од бездната да спасува меч топка и го однесе мечот во следен гем.

На крајот сепак славеше Бонзи кој е 51. тенисер на ранг листата и кој го совлада Медведев верувале или не, по трет пат во прво коло на некој Грен Слем, во сите нивни три соочувања.

Медведев после поразот седна на свое место и го крешеше рекетот.

Лекувајте го, нека батали тенис

 

25 август 2025 - 09:22