Нејасна порака од Стефан Ристовски за Тито и судењето

Во дербито на колото во Премиер лига на БиХ, Борац Бањалука со 5-1 го торпедирал Сараево, клуб за кој игра поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски. Резигниран од поразот и незадоволен од судењето, Риле после мечот на својот Инстаграм профил објавил фотографија со натпис: „Добродојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито)“. Набрзо го избришал објавеното ама сигурно нема да избегне казна од фудбалскиот сојуз на БиХ. 

25 август 2025 - 12:36