Малку е познато дека Новак Ѓоковиќ беше голем поддржувач на рускиот контроверзен тенисер Марат Сафин кој се двоеше по квалитет но и по ексцентричност на теренот.
„Многу ми се допаѓаше неговата игра. Марат беше еден од моите идоли кога уште играв во јуниорска категорија, а тој веќе беше прв рекет на светот. Со него многу тренирав и многу го уважувам. Можно е тој да имаше големо влијание на мене“, рече Сарбинот откако Марат го совлада во второто коло на Вимблдон во 2008-ма.
Сафин тогаш беше пред крај на кариера.
Влијанието на Марат Сафин врз Ѓоковиќ јасно се виде и во 2009-та кога Новак играше со Рафа Надал во Дејвис Купот во Шпанија на земја.
Надал одигра страшно и го натера Ѓоковиќ на дури 44 изнудени грешки. Рафаел славеше 6:4, 6:4, 6:1.
Во третиот сет од мечот на цела мака на Ѓоковиќ, Надал дури имаше и среќа со едно топче одбиено од мрежа, момент кој многу ги фрустрира тенисерите, па Новак ги спушти шорцевите додека трибините урлаа за поенот на Рафа
Такво нешто направи Марат Сафин во далечната 2004-та на Ролан Гарос. После пет часа игра на мечот со Феликс Мантиља, Русинот ги спушти шорцевите
Таа 2009-та и тој фамозен меч во Дејвис Купот како да го означи почетоко на едно децениско ривалство на двајцата добри другари и најдобри светски тенисери.
После тоа се сретнаа на Мастерсите во Монте Карло, Рим и Мадрид а тој меч во гавниот град на Шпанија траеше неверојатни 4 часа и 3 минути со решавачки тај брејк и со еден куп меч топки. Тој нивен дуел е можеби најкултен од сите други меѓусебни.
Цела таа серија натпревари Ѓоковиќ ја изгуби но покажа дека има потенцијал за борба со Надал на земјена подлога, што беше незамисливо за било кој друг тенисер во тоа време.
Новак подоцна во 2011-та го совлада Шпанецот во финалето во Мадрид и Рим, почна да го победува и на сите големи турнири меѓу кои и Ролан Гарос. Седум пати Ѓоковиќ го победил Надал на земја и тоа е најмногу од сите други тенисери.