Некогаш ни водителот не успева да си ја расипе емисијата

Кога човек е секој втор ден на екран, знае или претерано да се опушти или од замор да зашмелцува. Којзнае од кое од овие „повреди на работното место“ произлезе прашањето на Чомовски: „Дали сме на работ на јазичен фашизам?“ Јазичен фашизам? Ало, студио?

За среќа, Чомовски имаше набавено двајца одлични (мислечки и питоми) гости: Иван Џепаровски, суптилен интелектуалец и ерудит и Ило Трајковски, еден од најтемелните наши социолози кој уште како асистент беше посветен книшки молец (во најубавата смисла на тој збор, молим лепо).

Тие успеваа професорски нежно да го враќаат водителот во реалноста, па и да ја промислат неговата чудна опседнатост со некаква македонска платформа (која, патем, ја нема, а и не треба да ја има јер ваљда имаме факинг устав) наспроти албанската (која и тоа како ја има, по изборите потпишана е во друга држава и е предмет на преговори за правење овдешна влада).

Чом, мајсторе, рестарт.

* целата емисија ја имате на ФБ

 

 

22 февруари 2017 - 11:39