„Како го сретнавме Лука Дончиќ на бензинска“

Интересна случка имало едно друштво од Италија, на бензинска пумпа во Словенија.

„Утрово, на бензинска пумпа во Словенија. Со другарите одам да доземам Лашко пиво. Во барот, стои многу висок дечко со апостолки. Пие кафе. Во друштво на уште еден човек. Гледам од поблизу. Лука Дончиќ е.... За малку немаше да го препознаам со 15 кила помалку, стопен е! Викам: 'Лука'! и тој се насмевна.

На паркингот, ни рече здраво на мене и на другарите. Се сликаше со сите. Ни кажа дека повредата од пријателската не му е сериозна и дека е супер спремен за Европското. Не пзодрави на италијански, 'Чао!' и замина.

Животот навистина е чуден... Еден ден тренираш со Лејкерс во Лос Анџелес, после одиш во твојот дом во Беверли Хилс, а друг ден си по влечки на бензинска пумпа во муабет со непознати Италијанци“.

19 август 2025 - 14:38