Се работи за металните парички кои редовно се фрлаат во фонтаната Треви, од што на годишно ниво се собира некаде околу 1,5 милион евра.
Париве редовно се префрлаа на сметка на католичка добротворна организација која им помага на најсиромашните. Сега градоначалничката на Рим побара парите да одат на сметка на градот и да бидат наменети за помагање на тамошната инфраструктура.
Предлогот на градоначалничката е поддржан и од тамошните градски советници кои ја изгласаа пренамената на средствата, па од април парите за прв пат ќе завршат на поразлична сметка од досегашната.
Освен Каритас, кои до сега ги добиваа парите, против одлуката се и добар дел од граѓаните на Рим, на кои и пред ова им беше смачено од градоначалничката, главно заради нејзината неспособност за спроведување на тековните работи во градот.