Таг: рим

Движењето Пет ѕвезди во Рим не е ни блиску до пет ѕвезди

Од улици начичкани со преполни контејнери, до кратери на улиците и автобуси што експлодираат, на локалните власти во Рим последно нешто што им е на список проблеми е да се објаснуват дали се „популисти“ или не.

Тоти како Хари Потер, се чека ред за неговата автобиографија

Од утре (27 септември) кога е неговиот 42 роденден, книгата Un Capitano ќе биде пуштена во продажба во цела Италија, а Тоти сака да им подари нешто плус на навивачите на Рома.

Тифозите на Лацио не пуштаат жени во првите редови

На отворањето на Серија А, во првото коло Лацио изгуби дома 1-2 од Наполи во меч на кој Чиро Имобиле даде прекрасен гол, а навивачите на северната трибина ги дочекаа чудни флаери.

Барокна антика: бизнисот со лажни сувенири во Европа

Европските „антиквари“ од 17 век од комерцијални причини внесувале елементи на фантазија во реконструкциите на древниот свет, создавајќи паралелна, измислена „древност“. Нова книга ги анализира нивните археолошки визии, кои содржат важни податоци за моралните, политичките и верските проблеми на тоа време.

Главниот спортски комплекс во Рим е споменик на фашизмот

Во „вечниот град“ постои огромен спортски, олимписки комплекс којшто изобилува со споменици изградени од основоположникот на фашизмот Бенито Мусолини. Денес таму се одигруваат големи спортски манифестации а италијанската јавност не се срами од фашистичката архитектура.

Рома ќе има спонзор на дресовите првпат после 5 години

„Новиот стадион којшто ќе почне да се гради годинава и екипата која првпат после 34 години влезе во полуфинале на Лига на шампиони - прекрасно време да се биде навивач на Рома“, вели претседателот Џејмс Палота.

Тажната сторија за легендата на Рома

Во ера во која бил сакан еднакво како Тоти во нашето време, Агостино Де Бартоломеј важел за принцот на Рим - дете родено во „Вечниот град“ што неизмерно ја сака Рома. За жал завршува неславно, заборавен од многумина кои го воспевале.

Носталгијата на ултрасите на Рома

А како да не жалат за едно време во кое на трибината немаше место игла да падне а организацијата ја водеше легендарната C.U.C.S (Commando Ultra Curva Sud), една од групите основополжници на навивачкиот свет во Италија.

Зошто на Лацио му лепат етикета дека е про-фашистички клуб?

Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.

По 2000 години Рим конечно го „помилува“ Овидиј

На Овидиј нема да му врши работа, но гестот на Рим со кој градот му се извинува на еден од своите најпознати поети можеби е симболички наменет за некои идни уметници кои ќе се замерат со политичките моќници. Простено им е, однапред.

Хамшик работи како редар на стадионот Олимпико

За време на дербито Лацио - Наполи (1-4), гостите од Неапол имаа што да видат кога влегоа во нивниот сектор. Не знаеа што прави нивниот капитен со маркер како редар на трибините наместо на теренот.

Иван де ла Пења - малиот Буда кој беше пречекан како Папа

На копачки со високи крампони едвај достигнуваше 170 сантиметри, но таков талент Ла Масија ретко кога видела во историјата.

Кога низ Рим ќе врвите, во фонтани да не влагате

Италијанските медиуми во последно време зборуваат за "Новите варвари" и без разлика како наликува името не станува збор за луѓе дојдени во Италија со целиот имот на грб и последните пари во џеб, туку за добро ситуирани луѓе, со неограничен капацитет тупење, непочитување и барање нешто поевтино - туристи.

Иванка Трамп и лудата шампионска банда на Лацио од '74-та

При посетата на Рим, ќерката на американскиот претседател седнала да вечера во ресторанот Le Cave di Sant’Ignazio каде здогледала слика од Кинаља и прашала кој е светецов? Келнерите се насмеале и ѝ раскажале за „Долгиот Џон“.

Кое е детето на кое Тоти му ја даде капитенската лента

Во Рома е продолжена традицијата - капитенската лента да му припадне на оној којшто израснал во клубот и кој најдобро знае за грбот на римскиот клуб.

Фотографии на годината од испраќањето на Франческо во пензија

Плачеше и старо и младо, и романисти и лацијали и машко и женско. Времето во Рим синоќа како да застана - од фудбалот се прости најголемиот Римјанин уште од Цезар.

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

Акција во Рим: донирај билет за театар

Фино е тоа со донирањето храна, облека и други материјални потреби. Но што е со потребите на душата? Театар во Рим почнува акција на 1+1 дониран билет.

Дали порано имало повеќе дрвја?

Подолго време сакав да напишам нешто на оваа тема. Бидејќи зимата дојде (речиси) и, како и секоја година со неа и аерозагадувањето, решив тој текст да биде сега. Една друга важна причина е тоа што ме мачи недостатокот на морал, визија и идеали во поглед на заедничкото живеење. Мислам дека осврт на историјата на човечкото живеење во населби, и како тоа се одразило на екологијата може да биде корисно за сите нас (а ќе се освежам и самиот).

Римскиот легионер - Даниеле Де Роси

Кога е на теренот, гине за себе, за тимот и за навивачите на Рома. Затоа повеќето деца кои доаѓаат во младинската школа на „Џалоросите“ по примерот на својот идол сакале да играат на позицијата дефанзивец од средниот ред. 33-годишниот Де Роси има тетоважа на ногата која ја доловува неговата игра.

Познати се 13-те градови каде ќе се игра ЕП 2020

Македонија конкурираше да биде меѓу градовите домаќини на ЕП 2020 кое ќе се игра во 13 различни земји, но УЕФА одлучи за сега да останеме само на европскиот Супер Куп следната година.

Рим пред капитулација пред мафијата и полните контејнери

Како што римските власти тргнаа во поход на чистење на мафијата од политиката, така италијанската мафија се повлече од улиците и масовно го сопре празнењето на контејнерите низ Рим. Резултат: народ се научи на смрдеа и сега само пази да не згази во ѓубре или чопор бубашваби.

Лацио и Лотито - Бесмисленоста на едно постоење

Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?

Најјакото интервју на Гаскоњ во историјата

Навивачите на Лацио го обожаваат од проста причина што секогаш беше свој и природен, па дури и кога новинарите сакаа пристојно да дознаат нешто од него.