Некаде на средина од церемонијата на свеченото заминување во пензија, еден симпатичен гест на Тоти ја заинтригира светската јавност.
Гест кој го обиколи светот, гест на шампион како Франческо Тоти. На денот на неговото заминување, пред да му се обрати на цел стадион, 10-та на Рома ја извади капитенската лента и му ја предаде на Матија Алмавива, најмладиот капитен во сите категории на Рома, роден 2006-та.
Симболичен премин на лентата. Не на Де Роси, ниту на Флоренци, туку на малиот Матија кој заплака од среќа од моментот што ќе го памети цел живот.
Матија има 11 години, капитен е на ’петлињата’ на Рома и важи за најдобриот изведувач на слободни удари во неговата категорија, за деца на негова возраст. Позиција? Матија е треквартиста (плејмејкер) исто како Тоти.
Традицијата е продолжена, капитенот на Рома ќе доаѓа од нивната куќа. Момент кој дополнително ги расплаче тифозите на “Римската волчица“.
Il passaggio di consegne: la fascia va da #Totti a Mattia Almaviva, Pulcini 2006, il più giovane capitano del settore giovanile giallorosso pic.twitter.com/8vgZZinliK
— AS Roma (@OfficialASRoma) May 28, 2017