Музејот на цивилизацијата во Квебек сити, Канада, повикува луѓе од целиот свет да испратат фотографии на сајтот на музејот за вработените да се обидат да пронајдат најсоодветен „двојник“ од 60 грчко-римски и египетски скулптури, при што најстарите се од пред 2000 години.
Тука можете да качите ваш портрет, по што софтвер за препознавање на ликови ги анализира вашите црти, земајќи предвид 123 елементи за споредба, како на пример обликот на носот и устата. Така се добива „двојникот“ во античкиот свет.
До сега 25,000 луѓе имаат качено своја фотографија, но пронајдени се само пет или шест „совршени“ парови, слични во дури 95% од својствата. Нивните фотографии ќе се најдат веднаш до скулптурите на оние на кои личат на планираната изложба, која би требало да се отвори на 24 октомври 2018 и да трае една година.
За еден ваков голем проект музејот од Квебек соработува со Музејот на уметноста и историјата од Женева и Фондацијата Гандур обете швајцарски институции, како и со фотографот од Монтреал Франсоа Брунел, кој е познат по неговите фотографии на луѓе кои живеат во различни делови од светот и немаат никаква роднинска врска, а сепак неверојатно личат едни на други.
Според организаторите на изложбата на овој начин треба да се пренесе пораката за наследството и континуитетот на целото човештво. Ние знаеме како ќе заврши ако во финалето влезат тројца балкански Аполони.
Фотографот Брунел го објаснува процесот на работа: