Таг: софтвер

Добредојдовте на островот „Ништо“

Нул ајленд е лоциран на нула степени географска должина и нула степени географска ширина, на местото каде се судираат примарниот меридијан и екваторот, на запад од Африка. Но со него има два проблема - прво, не е воопшто остров. Второ, иако името му е такво, сепак тоа не е „ништо“.  

19 Индијци се самоубија заради паднат испит

Билансот на мртви е од средината до крајот на април, а според родителите проблемот е во компјутерската програма која погрешно ги протолкувала и оценила тестовите.

Добродојдовте во шпионски филм

Најзастрашувачкото парче софтвер што сме го виделе во последно време: комплет програми за препознавање ликови, возила и регистарски таблички, од снимки од улични камери. На презентацијава работи непогрешиво како во холивудски блокбастер. Производот е на кинеската компанија Сенстајм и е составен од Сенсвидео, за следење и класификација на објекти и Сенсфејс, за скенирање и споредување на лица со слики од база на податоци.

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

„Академски“ текст напишан со софтвер за автоматско комплетирање зборови

Во рубрикава често сме пишувале за академски плагијати, објавување чисти глупости како висока наука и, последно но не и најмалку важно, софтвер за генерирање случајни стручни статии. Ама ова е и за нас ново - научен труд напишан со опцијата „аутокомплит“.

Многу светско ама малку и наше

Софтверот кој ќе му помогне на Гугл брзо да ја спроведува својата обврска за бришење на лица од интернет доби заслужен глобален публицитет. Овде тенко, иако на него работеше и наш дечко.

Чие е вашето лице?

Одговорот "мое" е прилично точен но премногу аналоген. Што станува со вашето лице откако ќе биде препознаено со софтвер и спакувано во којзнае колку дата-бази на корпорации, влади и служби?

Машина за чукање која претвора реченици во звук

Додека технолошкиот напредок незапирливо влече на една страна, ретро ентузијасти се обидуваат да искажат почит кон старите направи, со тоа што ги спојуваат со новото и ги пренаменуваат. Ова е една таква машина за пишување, претворена во музичка кутија.