Една година откако Европскиот суд го задолжи Гугл да спроведува "правото да се биде заборавен" односно по нивно барање да брише луѓе од интернет, биле процесирани над милион такви барања. Секое барање се прегледува од посебна екипа задолжена за тоа, но обемот на пристигнатите барања знае да го одолговлечи процесот.
Наш дечко и негови колеги од Германија и Нов Зеланд имаат во рака нешто што ќе го забрза и автоматизира сето тоа. Софтверот им се вика Обливион и на Гугл ќе му овозможи да реши стотици вакви случаи за само неколку секунди. Корисник ќе може брзо да ги најде и тагира сите информации за него на интернет а Обливион му помага и со текст - или natural language processing (NLP) - и со препознавање фотографии. Прави пакетче од себе, и откако ќе го потврди идентитетот, Гугл и другите пребарувачи ќе можат да го избришат од интернет.
Повеќе за Обливион тука и тука и тука.
Нашиот во екипата e Phd студент во Германија со стипендија од Институтот Макс Планк, работи Security & Cryptography. Се вика Мишко Симеоновски. Тука неговата веб страна, тука твитер акаунтот.
Напред наши, Гугл да не се плаши.