Таг: гугл

Русија го казни Гугл на сите пари на светов

Рускиот суд пресуди дека Гугл им должи оштета на руските медиуми заради блокирање на нивните содржини во износ од цели 20 децилиони долари. Бројката се пишува 20 со 33 нули.

И Гугл ќе гради нуклеарни реактори за да има струја за ВИ

Бидејќи математиките за струјата неопходна за напојување на нивните ВИ проекти им излегоа слични како оние на Микрософт и Амазон, Гугл потпиша договор со кој ќе се изградат 7 нови нуклеарни реактори што треба да го снабдуваат со струја.

Гугл е нелегален монопол

Во историска победа за американското министерство за правда против технолошката индустрија, американски федерален суд одлучи дека Гугл нелегално ја злоупотребил својата позиција на пазарот за да ја сотре конкуренцијата.

Близнаците го потопија Гугл

Берзата некако му го прости на Гугл тоа што ни најмалку не ја искористи целата предност што ја имаше во ВИ трката пред комплетната технолошка индустрија. За разлика од тоа, одлуката да го пушти генераторот на слики Џеминај со „разбуденост“ ставена на најјако, до сега е казнета со пад од 70 милијарди долари на вредноста на акциите.

Гугл призна дека шпионира и во „инкогнито“

Паралелно со спогодбеното решавање на 5 милијарди долари тешката тужба по истата основа, Гугл јавно откри дека собира податоци од вашето користење на Гугл Хром дури и кога сте во „инкогнито“ начин на работење.

На Гугл му пукна филмот, има да собира сè што објавувате на интернет

Дополна на политиката на приватност на Гугл претпоставува дека компанијата ќе може да го искористи целосниот јавно достапен интернет на светот за учење на своите модели на вештачка интелигенција и останати ВИ потреби, кои некако каскаат зад останатата ВИ достапна на интернет.

Гугл е алармантно назад со вештачката интелигенција

Додека се обидуваше да го следи (копира) ОпенАИ, компанијата зад ЧатГПТ, Гугл целосно изгуби чекор со напредокот што опен-сорс заедницата го имаше кај вештачката интелигенција, тврди висок инженер на Гугл во документот наменет за внатрешна употреба на компанијата.

Ни на првиот човек на Гугл, не му е баш јасно АИ-то на Гугл

ЦЕО-то Сундар Пичаи призна дека не разбира целосно како функционира нивната верзија на вештачка интелигенција, Бард, за кој деновиве се разбра сам научила странски јазик и цитирал лажни книги за да реши економски проблем.

Нека јадат авокада!

По сите трендови, ИТ индустријата моментално ја зафати и најболниот - штедење, па вработените на Фејсбук веќе нема да можат да се перат на работа, укинати им се и 200-те долари за превоз, Илон што стигна скрати во Твитер, а Гугл во иднина ќе бара службените патувања да бидат службени.

Вештачка интелигенција ќе помага за дешифрирање на докторскиот ракопис

Лекарите минуваат низ години учење на материјалот, но едно нешто како да недостасува во програмата - барем скратен курс по краснопис. Додека некому не му текне да го воведе, Гугл ќе се обиде да им дешифрира што пишува на рецептите на фармацевтите и на пациентите. 

Како Гугл ги снима улиците низ светот

Кај што е асфалтирано е и најлесно, пушташ кола и камерата врти. Проблемот се сите планински и пешачки патеки и угорници, пустини, музеи, метро станици и што сè не што Гугл сака да го има кај себе на Стрит вју, а не може да го фати со камера на кола.

Гугл школа, знаење и сертификат

Гугл сака да ти помогне да се унапредиш во тоа што сметаш дека ти недостасува како вештина. Се работи за отворена школа со видео курсеви, не на сите, ама на повеќе теми. И сето тоа бесплатно.

Гугл ќе плаќа милиони долари казна за блокиран Јутјуб канал

Апелацискиот суд во Москва ја потврди пресудата дека Гугл мора да го одблокира каналот на една руска телевизија, кој е блокиран не заради фејк-њуз, туку затоа што газдата е пријател на Путин.

Речиси па 9 основни и бесплатни алатки од Гугл за луѓе што прават сајтови

Најсилната страна на овие алатки е што стварно добро работат, го прават тоа што го ветуваат и стварно се бесплатни. Најслабата страна им е што тоа бесплатното го добиваме само затоа што се корнат од жнеење податоци од корисниците.

Гугл документи, како Вашингтон одби на време да го запре Гугл

Јануари 2013 беше еден од клучните моменти во битката меѓу Вашингтон и Силициумската долина кога луѓето назначени од Обама за спречување монопол одбија да покренат обвинение против Гугл и покрај сите информации што ги имаа.

На Гугл му е полесно да ја блокира Австралија отколку да работи коректно

Доколку Австралија одлучи да го спроведе законот според кој Гугл ќе треба да им плати надомест на медиумите од кои заработува пари, Гугл ќе одлучи комплетно да се повлече од целиот континент.

Гугл Синдикат

Тоа што луѓе обично го толкуваат како „фирма со многу програмери“ всушност е конголмерат со 120.000 вработени (Велес и Струмица заедно имаат околу 110.000 жители). За прв пат овие 120.000 вработени се на пат да имаат синдикат.

Светот е на Гугл. Ние само живееме во него

Пред 20 години Гугл беше веб пребарувач. Денес Гугл е буквално сè и буквално секаде.

Три фори за Гугл мапс

Како да направиш Гугл мапс без предрасуди да ти памти каде ти е паркирана колата, како да им покажеш на сите каде си и како да скриеш каде си.

Подемот, исчезнувањето и пензионирањето на основачите на Гугл

Лари Пејџ и Сергеј Брин, објавија дека се повлекуваат од секојдневните извршни функции во Алфабет, мајката компанија на Гугл, и колку и да звучи ова изненадувачко, за аналитичарите тоа е само кулминација на повеќегодишното разделување на овие двајца и компанијата што ја основаа пред 21 година.

На смартфон никогаш ништо нема да биде безбедно, па ни приватно

До пред само некој месец апликациите за камера на Самсунг и Гугл смартфоните, имале пропуст преку кој напаѓачи може да пристапат до камерата, да снимаат аудио, видео и да фотографираат со нејзе, истото да го качат на сопствен сервер, и сето тоа без ти ниту да знаеш ниту да претпоставиш дека нешто ти се случува.

Гугл пушти фина нова фора

Пред некое време Гугл го отвори топ-левел домејнот .new, и наместо стандардно играње со имиња, реши да го направи корисен за општата интернет популација.

Како да мислиш (и памтиш) без Гугл

Не дека сме и онака нешто многу паметни. Ама кога секоја информација е на онлајн дофат, почнуваш да се однесуваш како поглуп отколку што навистина си. Нула напор за нешто да се запамти или да се научи. Чуму маката, кога пак ќе може да се пребара?