Еден од проблемите со Бард за кои зборува Пичаи е што нивниот систем се научил себе си вештини кои не биле предвидени, нешто што во индустријата се нарекува „нови својства.“ Пример, една од програмите за вештачка интелигенција на Гугл, сама научила и одговорил на прашање поставено на бангладешки јазик и писмо, кои до тогаш не биле дел од неговата програма.
На прашањето на Скот Пелеј од 60 минути на Си-би-ес, „сакаш да кажеш дека не разбирате целосно како функционира, а сепак го пуштивте во јавност,“ Пичаи одговара:
„Ајде вака да објаснам. Мислам дека целосно не разбираме ни како работи човековиот мозок.“
Токму Си-би-ес њуз објавија дека Бард системот напишал инстант есеј за инфлацијата, во кој наведува 5 книги од кои ниту една не постои.
Пичаи бил искрен околу тоа дека тие се под притисок што поскоро да пуштат во продукција нивна АИ технологија, меѓутоа се исто под притисок тоа да не биде погрешно направено, бидејќи може да биде многу штетно за сите.
„Се уште ги немаме сите одговори, а технологијата брзо се движи. Па дали ова навечер ме држи буден? Апсолутно,“ изјавил ЦЕО-то на Гугл.