Таг: гугл

Половина од посетите на Гугл њуз одат кај 20 медиуми

Ревизија на работата на Гугл њуз покажува дека агрегаторот на вести фаворизира многу мал број новински извори на сметка на сите останати.

Сведоштво за поразот на Фајрфокс

Сајдвок лабс е компанија на Гугл која потпиша договор со властите на Торонто за изградба на „паметно маало“ во градот. Откако е доделен проектот нему постојано му се случуваат куршлуси и контроверзии, за кои Сајдвок лабс постојано се извинува и ветува дека ќе ги среди. За поранешниот потпретседател на Фајрфокс, ова е идентичната стратегија што Гугл на времето ја користи за да го порази Фајрфокс.

Гугл се откажа од пребарувачот за кинески пазар

Од една страна имаше огромна галама од бројни вработени на Гугл и надворешни луѓе што се општо против влегувањето на компанијата на кинески пазар под условите кои и беа наметнати. Од другата страна беа далеку помалубројните, ама локално кинески, гласови кои беа за тоа Гугл да влезе на нивен пазар, па макар и под условите кои му се наметнати.

Јас сум Кинез, и Гугл не смее да се откаже од Драгонфлај

Постојано слушам дека во САД навика е на запчаникот што ќе зашкрипи да му се става масло, и изгледа навистина е така. Еден од неодамнешните инциденти во Силициумската долина околу Кина (Ние сме вработени на Гугл, и Гугл мора да се откаже од Драгонфлај) предизвика судир меѓу Гугл и вработените на Гугл, додека истовремено во целата работа недостасува глас од Кина, третата страна во сето ова.

Ние сме вработени на Гугл, и Гугл мора да се откаже од Драгонфлај

Ако до сега Гугл ве следеше во свое име и за своја сметка, пребарувачот што го подготвуваат за да можат да влезат на кинески пазар, Драгонфлај, врз ова додава уште еден слој следење овој пат во име на кинеската влада. Вработени на Гугл имаат проблем со ова.

Берлин го порази Гугл

Гугл беа запнати да отвораат кампус во Берлин, локалците беа запнати да си го зачуваат раатот и комшилукот. Деновиве Гугл одлучи дека ќе продолжи да бара смештај на друго место.

Што па Гугл има направено за нас?

Користејќи ги услугите на големите технолошки компании ние во реално време произведуваме дел од нивниот капитал. Правата на сопственост врз тоа - за сите нас, наместо само за дел од нас - треба да бидат основа за универзален основен приход.

Кога ќе се отвори душа гугловска

Објавата на Гугл дека го затвора Плусот, беше фин повод за еден поранешен дизајнер на Гугл+ да се истури на Твитер се што му лежело на душа околу производот и компанијата во која работел. И тоа траеше неколку денови.

Сложни гиганти монопол градат

Гугл на еден од своите најзакоравени конкуренти по неброени основи, Епл, годинава ќе му исплати 9 милијарди долари, не од што мора туку од што сака.

Создавањето на господарите на интернетот

Оригинална снимка од гаражата во која Гугл почнува со работа, од времето кога уште се во гаража.

Технолошките гиганти потрошија 80 милијарди долари за никој да не може да им конкурира

5-те најголеми технолошки компании во САД, Гугл, Амазон, Епл, Микрософт и Фејсбук, на кои до сега вие им бевте еден од главните производи што го продаваа, изминатава година заедно потрошија 80 милијарди долари на физички имот, вклучително машинерија и алат, во својата трансформација во класични индустриски гиганти.

Гугл го има ставено на најјако кодошењето во Кина

Прототипот на пребарувачот на Гугл што се адаптира за да добие дозвола за работа на кинескиот пазар излезе дека вклучува и поврзување на пребарувањата со бројот на мобилен телефон на уредот од кој што е пребарувано.

Трамп вс. Гугл, не дека е во право, ама не дека и не е во право

Гугл, Фејсбук и Твитер се најновите негативци што се имаат огрешно кон американскиот претседател затоа што тој чувствува дека нивните резултати од пребарување се штелувани против него и општо против конзервативците.

Европските новински агенции се кренаа против интернет гигантите што ги „пљачкосуваат“ нивните содржини

Трите најголеми европски новински агенции Франс-прес, Прес асосиејшн и Дојче прес-агентур, во заедничко писмо побараа од Европскиот парламент да ги надополни законите за авторски права на ЕУ со цел да се справи со „гротескниот дебаланс“.

Гугл го следи твоето движење, сакал ти или не

Ако мислиш дека Гугл престанал да те следи само затоа што така си му рекол и си исклучил „Location history“ на телефонот има многу да се изненадиш.

Како ниту еден вработен на Гугл цела година не падна на фишинг

Од почетокот на 2017 сите над 85.000 вработени на Гугл успешно спречуваат фишинг на нивните службени мејлови и сметки благодарејќи на „УСБ стик“ од 20 долари.

6 прашања и одговори околу казната за Гугл од 4,3 милијарди евра

Ова е сосема посебен случај и единствена сличност со минатогодишната казна од 2,7 милијарди евра е што повторно главни ликови се ЕУ и Гугл. Ланската казна се однесуваше на шопингот, годинешниве 4,3 милијарди се однесуваат на Гугл пребарувањето, Хром и Плеј стор.

Пресудата што би можела да го промени бизнис моделот на Гугл

Деновиве ЕУ е на пат да му залепи нова неколку милијарди тешка казна на Гугл за лошо однесување и себичност кон останатите компании.

Фејсбук, Гугл и Микрософт и лагата наречена твои приватни податоци

Комбинација од дизајн, зборови кои наведуваат на погрешен заклучок и илузија на контрола се дел од мерките што трите технолошки џинови ги користат за прелажување на корисниците да им ги отстапат нивните лични податоци, покажува студија на Норвешкиот потрошувачки совет.

Зошто сè што знаеме за пасворди е погрешно

Ако го прашуваш Марк Ришер, тоа што ќе ставиш бројки и симболи во пасвордот не ти врши работа (или што ќе натераш некого да ги стави). Кој е Марк Ришер да го прашаш? Поранешен „спам цар“ во Јаху, моментално директор за продукт менаџмент во Гугл, каде работи на безбедноста на мејловите и во тимови за спречување на злоупотреба.

Уште на прв ден од воведување на ГДПР, Фејсбук и Гугл попија тужба на неколку милијарди евра

Еден од најголемите поборници во ЕУ за интернет приватност и заштита на податоците на корисниците во петокот поднесе 4 тужби, од кои три ќе завршат на адреса на Фејсбук, а една во Гугл.