Анализиран е „Топ стории“ блокот кој се појавува прв во резултатите од пребарувањето на Гугл прикажувајќи релевантни вести околу пребаруваниот термин и како таков се смета за „најскапата недвижност“ меѓу резултатите.
За студијата се употребени резултатите од над 200 пребарувани термини поврзани со вести во ноември 2017. Изборот на термини е направен користејќи Гугл трендс за секој од деновите за тие да бидат актуелни.
Вкупно резултатите од пребарувањата им имаат понудено 6302 уникатни вести (линкови) во блокот „Топ стории“, еден клик на кој било од тие линкови се смета за една импресија.
„Бројките покажуваат на само 20 новински извори отпаѓаат над половина од сите импресии. На првите 20% од изворите отпаѓаат 86% од сите импресии.
Топ трите извори собираат 23% од сите импресии: СиЕнЕн, Њујорк тајмс и Вашингтон пост.
Овие статистики го истакнуваат нивото на концентрација на вниманието кон релативно тесен избор од новинските извори,“ пишува Никола Диакопулос во Колумбија журнализам ривју.
Освен ќарот што секој медиум го има од тоа колку често ќе се појави во резултатите, моќта на агрегаторот е и во тоа што ги оформува ставовите и перцепциите на читателите, ги засилува нивните стереотипи, и влијае на тоа како некои гласачи се информираат за време на избори.
„Заради сето ова разноликоста на медиумите е важен аспект во начинот на кој Гугл - или кој било агрегатор на вести - управува со изворите и перспективите,“ пишува Диакопулос.