Во тужбите поднесени во име не индивидуални корисници австрискиот адвокат Макс Шремс тврди дека иако компаниите одлучиле да го спроведуваат новиот европски закон (General Data Protection Regulation), тие притоа користат стратегија на „присилна согласност“ за да продолжат да обработуваат лични податоци на корисниците.
Законот предвидува дека на корисниците мора да им биде даден слободен избор освен ако согласноста не е стриктно неопходна за обезбедување на услугата. Тука, на пример, прекршокот на Фејсбук е што тие тврдат дека нивен главен производ е социјално вмрежување, а не собирање лични податоци на корисниците за нивно таргетирање за реклами.
„За се што не е неопходно за еден сервис, на корисниците мора да им биде даден избор да кажат 'да' или 'не'.
Фејсбук веќе блокираше профили на корисници кои немаат дадено согласност. Ако крајните корисници имаат избор само меѓу бришење на профилот или стискање на копчето за согласност - тоа не е слободен избор, тоа ме потсетува на избори во Северна Кореја.
Голем број од овие компании сега можат да те присилат да ги прифатиш новите правила за приватност, што е комплетно спротивно на законот,“ изјавил Шремс.
Фејсбук освен за себе, ќе одговара и за Инстаграм и за Вотсап, додека Гугл треба да одговара за Андроид.
ГДПР предвидува казни до 4% од глобалните приходи на компаниите кои ќе ги прекршат правилата, што во случајот со Фејсбук или Гугл може да стигне до неколку милијарди долари.
Ако ве интересира нешто повеќе за ГДПР, клик тука за читање, или изгледајте го клипот: