Украинскиот претседател Зеленски се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович на 21 мај во Киев и преку него испратил лична порака до Владимир Путин за директни мировни преговори „во кое било време и во кој било формат“.
Двајца високи украински функционери ја опишаа личната порака на Зеленски до Путин како слична на отвореното писмо што му го испрати подоцна, но со помалку антагонистички тон.
Путин потврди дека ја примил пораката од „претставник на нашите деловни кругови“, но ја одбил понудата како бесмислена. „Единствената смисла на пораката е Украинците да го спречат напредувањето на нашите оружени сили“, изјави Путин.
Абрамович посредува помеѓу Москва и Киев уште од првите недели откако почна војната во 2022 година. Бил вклучен во договарањето на преговорите во Истанбул, во договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море и во контактите за размена на затвореници и други билатерални прашања.
„Тој е единствениот Русин кој го толерираат. Тој се сложува со сите“, изјавил за Фајненшл тајмс извор близок до олигархот.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.