Ваквата одлука банката донела откако организирала јавна консултација, главно околу тоа што од британскиот див свет би требало да се најде на парите како репрезент на земјата.
Во соработка со панел од експерти за див свет, Банката состави список на животни кои би можеле да станат централна слика на банкнотите од 5, 10, 20 и 50 фунти. Меѓу нив се делфин, лисица, пеперутка, був, бумбар и ајкула (од кога ајкула е симбол на Британија?).
Медиуми објавија дека од банкнотите се отстрануваат историските личности, вклучувајќи ги Сер Винстон Черчил, Алан Туринг и Џејн Остин.
Консултациите на банката довела да заклучок дека спомнатите личности се елитистички, поларизирачки и „не ја претставуваат културната и природната разновидност на Велика Британија“.
Преттходно, од луѓе добиле 44.000 предлози и реакции.

Британски Телеграф објави дека на функционерите во Банката им било советувано да ги заменат портретите на банкнотите, бидејќи историските личности прикажувале „визија за Велика Британија свртена кон минатото што носи голем ризик од поделба и контроверзи“.
Конечна одлука за ова ќе се донесе до крајот на годината а потоа ќе треба да пројдат години до следната серија банкноти.
******
Добро, Македонците се последни кои треба да жалат по Черчил.
Види: Како Черчил ги издаде грчките партизани и Егејците.
А не се единствените:
Види: Кога ќе видиме филм за Черчил, монструозниот варварин со крв на милиони на своите раце?