Нетфликс го има „Don't Look Up“ со Kаприо и Лоренс, Тумба фест ја има „Ќе одиш на блок“ со Атанаска Иванова, стокмена во црвено -златна комбинација. Двете дела се сатира и пародизирање на модерниот начин на живот, само што, нашево е каде-каде подражесно. Прецизно дијагностицирање, прашања на место (дали има некое машко живо нормално?) и разумни одговори (сè идиоти). Атанаска, Жижеку наш!