Не дека веројатната сума на казната нешто сериозно ќе го повреди Гугл, туку повеќе се работи за преседанот што ќе го направи и ќе ја наруши лагодноста на компанијата.
Во овој случај се работи за тоа што Гугл ги обврзува сите производители на смартфони кои користат Андроид задолжително како основни поставки да ги користат пребарувачот и веб-браусерот на Гугл.
Максималната казна која ЕУ може да му ја изрече на Гугл е 11 милијарди долари. Сепак многу поверојатно е дека таа ќе биде пониска од највисоката сума, а повисока од минатогодишната казна од 2,72 милијарди долари (која ја доби за наклонетост кон сопствениот шопинг сервис во однос на други).
Одбранат на Гугл во основа е ви го даваме цел систем бесплатно наместо за тоа да ви наплаќаме надомест за секој пат кога ќе инсталирате Андроид на ваш уред.
Ако ги прашаш експертите, не само што казната нема да боли многу, туку таа е и премногу задоцнета, бидејќи Гугл веќе е премногу утврден а корисниците се толку навикнати на неговите производи што дури и кога би имале избор тие пак ги претпочитаат сервисите на Гугл во однос на конкуренцијата.