веб класици:

Преписката со Ениса

Сè почна со една свадба....

повод:

***********

Subject: Racist content should be removed!

Dear On Net Editor,
My name is Enisa Eminova and I work for the Open Society Instutute, New York better known as Soros foundation.
I am writing this e-mail as a reaction to the document named: Invitation for a wedding ( with plan B) which was posted on your website today!
I called On Net today and asked for removal of this content from the website since it strenghtening the stereotypes about Roma people in Macedonia.
I would once again kindly ask you to remove this content from your website immediately and appologize for speading stereotypes and intolerance.
I am cc-ing European Roma Rights Center and my collegues from OSI - office in New York on this e-mail in case you need additional explanation why this content should be REMOVED!
If you do not want to remove this racist content, then i am afraid we would have to undertake other meassures and legal procedure against your company!

Please tell me if I should talk to the owener of On Net and give me his/her name and where he/she could be reached!
Hope to hear from you soon,

Enisa
Enisa Eminova
RWI Consultant


ОДГОВОР НА УРЕДНИКОТ

Здраво живо Ениса, здраво живо Сорос!

Веднаш да се разбереме околу некои процедурални детали. Ви одговарам на македонски а не на англиски јазик затоа што:

а) тоа е официјалниот јазик на државата во која живеам и работам и официјален јазик во државата во која е регистрирана вашата Фондација;
б) 'спорниот' сајт е комплетно пишуван на македонски јазик;
в) 'спорната' свадбена покана и најавата за неа се напишани на истиот јазик;

Оттука, дозволете ми остроумно да заклучам дека ако веќе сте го разбрале јазикот на кој е напишана 'расистичката' содржина околу која реагирате - ќе го разберете и ова мое писмо.
Иф ју ноу уот ај мин...

Одиме сега на вашето писмо, ред по ред, онака како што се чисти плевел во бавча (или како што се требат вошки, сеедно)

Значи:

Dear On Net Editor,

My name is Enisa Eminova (Задоволството е взаемно, јас сум Трендо) and I work for the Open Society Instutute, New York better known as Soros foundation (добро, ама што мене ми се жалиш?).

I am writing this e-mail as a reaction to the document named: Invitation for a wedding ( with plan B) which was posted on your website today!
Ок, и?

I called On Net today and asked for removal of this content from the website since it strenghtening the stereotypes about Roma people in Macedonia.
Знам, ми се јавија дома и ми рекоа дека некој дигал паника за поканата. Им реков да не се секираат, да ти ја кажат мојата адреса и да заборават на тоа. Знаеш, тоа се луѓе кои немаат врска со сајтот туку работат како техничка поддршка за корисниците на Он.нет услугите. На сајтот е наведен контакт со уредникот на сајтот, си можела веднаш да пишеш имеил. Зошто мислиш дека јас би сакал да се слушам телефонски со тебе или со некој друг од твојата Фондација?

I would once again kindly ask you to remove this content from your website immediately and appologize for speading stereotypes and intolerance.
- Молбата е одбиена.

I am cc-ing European Roma Rights Center and my collegues from OSI - office in New York on this e-mail in case you need additional explanation why this content should be REMOVED!
- Јас нема да цц-ирам никого. Ќе ја објавам оваа наша преписка на Он.нет за да ја видат неколку десетици илјади луѓе оти длабоко сум уверен дека ги делиме истите уверувања за потребата од транспарентност и за користа од јавна дебата околу прашања за кои не се согласуваме.

И не туку ми пишувај со големи букви. Во пишаната комуникација, големите букви значат повишен тон, викање, дерење... А дерење - дома, не овде.


If you do not want to remove this racist content, then i am afraid we would have to undertake other meassures and legal procedure against your company!
- Повелете слободно.Туку, мене ме чуди една друга работа тука. Најавувате дека (доколку не биде отстранета 'спорната' содржина') "ќе бидете принудени да превземете други мерки и правни постапки против вашата компанија".
Ок, за легалната постапка, реков - повелете. Мене ме интересира она: 'и други мерки'. Верувам дека македонската јавност живо ќе ја интересира да дознае кои тоа 'други мерки'
ѝ стојат на располагање на вашата Фондација?
И јас би сакал да дознаам на кои с
è 'други мерки' сметате и со кои сè 'други мерки' се служите во Македонија, кога сакате да се пресметате со некој кој има различно мислење од Вас.
Гледате, досега не знаев дека и вие имате 'план Б'.
Да погаѓам?
Ќе се собирате на мистични сеанси да ми фрлате невладини клетви и оупен сосајети уроци, ќе пратите луѓе да ми ги искршат нозете, ќе им дадете задача на вашите блиски НГО-а да откриваат пикантерии за мојот сексуален живот, ќе ме киднапирате и ќе ме измачувате со снимени говори на вашиот обер шеф Џорџ Сорос или со документарци за неговите брилијантни берзантски дилови?
'Мило ќе ме радува' да дознаам нешто повеќе на оваа тема.


Please tell me if I should talk to the owener of On Net and give me his/her name and where he/she could be reached!

- Нема потреба, можеш слободно да почнеш со преземање "правни и други мерки".

итн, итн.....


За крај, уште неколку реда, гратис, од мене. Искрено, откако го прочитав писмото, мојата прва реакација гласеше:
- Добро, дали се овие нормални?

Но ден потоа (повторно искрено), кога го пишувам овој одговор и посмирено се обидувам да ги систематизирам грозните обвинувања, мојата реакција гласи:
- Добро, дали се овие нормални?

Сепак, да видиме за што се работи: Сумирано, вие сметате дека објавувањето на свадбената покана на Ферди и Рамиза е:
а) расистичка содржина;
б) шири стереотипи и нетолеранција кон Ромите во Македонија;

'Спорната' содржина има два дела:
1. најава
2. фотографија од поканата (објавена интегрално, без никаква текстуална или визуелна интервенција во неа).
И сега, каде тука видовте расизам, каде најдовте стереотипи, каде забележавте нетолеранција?

Каде, побогу, видовте Роми???

Од каде знаете дека Ферди и неговoтo гулапче Рамиза се Роми? На сајтот никаде не е наведено тоа. Но, дури и да се работи за Роми, дури и да сум навел дека Ферди и Рамиза се Роми, што со тоа? Објаснете ми го остатокот од обвинувањата, мило ќе ве замолам.
Свадбената покана е дел од рубриката 'Македонштина'. Разгледајте ја таа рубрика, ќе видите десетици слични фото, аудио, видео или текстуални бисери од нашата, македонска реалност кои ми се виделе интересни за објавување. Тука ќе најдете 'дела' од Македонци, Срби, Албанци, стари, млади, селани, граѓани, мажи или жени...

Цензори мои мили, мислите дека имате право да барате да ја отстранам поканата од сајт само затоа што Вие и Вашето Невладино Преосвештенство сте ја оцениле како расистичка? Приберете се малку, приберете си го малку и јазикот; во современиот политички дијалог на Европа, расизмот и нетолеранцијата се посебно сензибилни теми и за вакви обвинувања потребно е зад себе да се имаат дебели аргументи а не само една обична и со ништо (ама баш со ништо!) втемелена проценка од ЦК на Сорос или некој друг сличен Комитет.

Ма уствари не ми е се верува колку време ви посветив! Предлагам за крај, да се разведриме со песна:

Трендо (пеe весело, на глас): Оф, оф, Ениса, да си моја данима, оф, оф Ениса....

со Македонија во срцето, со Сорос во мислите,
Трендо

п.с. ве молам, немојте со говори од Сорос, немојте со таа варијанта. Дајте тоа со сексот и пикантериите, ако може. Јас сум спремен дури и да ви помогнам околу неа. Можеби во следното писмо, драга моја Ениса...

 

24 декември 2016 - 18:07