Тоа што го тврди Трамп не е баш како што тој го кажува, но е проблем што интернет гигантите го имаат со себе.
„Тој е во право што е загрижен околу пристрасноста: таа апсолутно постои, преставува проблем, и технолошките компании не се ни приближно искрени и отворени околу него,“ пишува основачката на компанијата за ревизија на алгоритми, Кети О'Нил.
Од друга страна овие компании истовремено се искрени кога велат дека не се политички пристрасни, бидејќи изворот на нивната пристрасност е чисто комерцијален, „кога им помагаат на огласувачите и на други, да ги искористуваат слабостите и основните инстинкти на луѓето, тие работат за профит, не за конкретна идеологија.“
„Пристрасноста може да биде менаџирана ако компаниите се способни за прифаќање на одговорноста. Но до сега тие не се такви. Тие на прва ја отфрлаат загриженоста, па затоа нема вистински мониторинг.
Кога пристрасноста е откриена, како што често се случува, компаниите наоѓаат ад-хок решенија и прават се што можат за да се преправаат дека тоа не голема работа. Ова ги прави совршена мета за неверојатни обвинувања, на пример како оние на Трамп,“ објаснува О'Нил.
Нејзиното предупредување е дека ваквата поставеност на алгоритмите оди во корист на паранојата на претставниците на крајната десница, пример сајтот Бреитбарт, кои секој случај на пристрасност кој ќе се појави, а ќе се појави, ќе успее да го протолкува и насочи како гнев кон технолошките гиганти.
„Компаниите и нивните бранители ќе тврдат дека пристрасноста отсекогаш била со нас. Тоа е точно, но во минатото сме имале уредници и друг човечки фактор кој одговарал пред тебе. Сега имаме компјутери, контролирани од луѓе на кои им имаме предадено премногу моќ. Тие треба да одново да ги постават своите бизнис модели со јасна посветеност на одговорност, за нивно добро и за добро на земјата,“ порачува О'Нил.