- Намибискиот политичар Адолф Хитлер Уунона повторно го задржа своето победничко место во неговата мала изборна единица и покрај неговото контроверзно име.
- На 59 годишниот политичар ова му е петти пат да победува на избори уште кога влегол во политика во 2004 година. Во истата изборна единица од околу 5.000 луѓе е омилен и победува и со 80% од гласовите.
- Иако го дели името со најозогласенот човек во историјата, политиките на овој Адолф Хитлер немаат врска со тоа. Член е на централно левичарската СВАПО (South West Africa People's Organisation), клучното движење чија борба доведе до независност на Намибија во 1990 година.
- Пред да биде дадена на управување на Јужна Африка, Намибија беше германска колонија па често биле давани германски имиња како Адолф, кое, патем, е и вистинското име на Дадо Топиќ.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.