Компанијата објави дека објектот во Кројцберг што го планираше за свои канцеларии ќе го предаде на две локални добротворни организации, притоа внимателно заобиколувајќи го прашањето со протестите против доаѓањето на технолошкиот гигант.
Портпаролот на Гугл за Берлин Цајтунг изјавил дека компанијата „не дозволува протести да ги диктираат нејзините постапки“.
Тој објаснува дека „дискусиите со локалните хуманитарни групи ја довеле компанијата до заклучок дека отстапувањето на просторот ќе биде најдобро решение за населбата.“
Опозицијата на Гугл кампусот, кој требаше да биде седми ваков низ светот, беше собрана по најразлични основи. На едни не им се допаѓаше начинот на кој Гугл го тера бизнисот, со избегнување даноци и злоупотреба на лични податоци. Други се бореа против дополнителна гентрификација на Берлин (според одредени податоци цената на недвижностите во градот меѓу 2016 и 2017 расте за 20%, додека во Кројцберг во исто време е порасната за 70%).
Несудените канцеларии на Гугл во иднина ќе ги користат платформата за он-лајн донации, Бетерплејс, и организацијата за заштита на деца, Каруна.