„Интернет гигантите ја пљачкосуваат содржината на новинските медиуми и нивните приходи од рекламирање, што претставува закана и за потрошувачите и за демократијата,“ се порачува во писмото.
Темпирањето на бунтот одговара со дебатата за новите закони за заштита на авторски права која се тера во Европскиот парламент. Целта е агрегаторите на интернет содржини и интернет гиганти како Фејбук и Гугл повеќе да плаќаат за креативните содржини на нивните платформи како вести, музика или филмови.
Вечното интернет прашање „кој прави пари, агрегаторот или медиумот“ трите агенции го поткрепија со податоци дека Фејсбук во 2017 пријавил приход од 40 милијарди долари, од кои 16 милијарди биле профит, а Гугл извадил профит од 12,7 милијарди на приходи од 110 милијарди долари.
„Кој разумно би можел да тврди дека тие не се во позиција фер да плаќаат за содржината што ја користат?
Зборуваме за воведување на систем на фер плаќање за оние кои ги крадат вестите. За доброто на слободниот печат на Европа и нејзините демократски вредности, ЕУ законодавците мора да се истрајни во спроведување на реформите за авторски права,“ порачуваат агенциите.
Гласањето за законот е закажано за 12 септември, а во него има две главни точки на судир. Првата е членот 11, која би креирала правило според кое на весниците, магазините и новинските агенции ќе им биде плаќано кога Гугл или други веб-страни ќе линкуваат до нивни стории. Втората е членот 13, во кој платформи како Јутјуб ќе бидат правно одговорни ако нивните корисници ги прекршуваат авторските права.
Освен горните три, на писмото беа потпишани и првите луѓе на новинските агенции од Шведска, Финска, Белгија, Австрија и други медиумски групи низ Европа.