Логиката на ЕУ е ако веќе правиш пари од туѓ труд без ниту еден ред твоја содржина, тогаш треба да им платиш нешто на тие на чиј грб се богатиш. Ваква логика не им се допаѓа на луѓето од агрегаторот за вести на Гугл, Гугл њуз.
Трите најголеми европски новински агенции Франс-прес, Прес асосиејшн и Дојче прес-агентур, во заедничко писмо побараа од Европскиот парламент да ги надополни законите за авторски права на ЕУ со цел да се справи со „гротескниот дебаланс“.
Во два одвоени настани, бразилските и француските медиуми ја спукаа со Гугл заради тоа што компанијата директно профитира од тоа што ги објавува нивните содржини на агрегаторот за вести Google News.