Зборувајќи околу „данокот на линкови“ Ричард Гинграс, еден до главните луѓе во Гугл њуз, порачува дека „иако не посакува да го изгаси сервисот“ компанијата е длабоко згрижена околу предлогот за оданочување, чија цел е да им се компензира на новинските веб-страни за содржината што е преземена од нив.
Гинграс објаснува дека крајната одлука ќе биде донесена кога ќе го имаат финалниот текст и дали ЕУ ќе биде волна да ја измени формулацијата на членовите.
Како пример за праксата на компанијата во вакви случаи тој го наведува примерот со Шпанија, кога тамошната влада се обидува да го оданочи Гул за користење линкови од шпански медиуми, на што Гугл одговара со гасење на Гугл њуз во земјата.
Маката на медиумите е што агрегаторите со тоа што им го преземаат сообраќајот на веб-страните кои ја создаваат содржината (вестите), кај себе прибираат и огромен дел од парите од он-лајн реклами кои инаку би биле поделени меѓу веб-страните што произведуваат содржина и нејзините автори. На страна парите, агрегаторите стандардно се сомничат и за проектирање на својата идеолошка наклонетост врз изборот на вести кои таму се појавуваат. Она што агрегаторите го наведуваат во своја одбрана е дека тие им испраќаат посетители на веб-страните.
Гугл, заедно со Јутјуб, активно работат и лобираат против донесувањето на член 11 „данокот на линкови“ и член 13 кој им гарантира за создавачите на содржини дека ќе бидат платени за содржината што ја аплоудирале (ова второто посебно важи за Јутјуб).
Предлог законот во септември мина прв круг кај ЕУ парламентарците, па сега Гугл игра на карта Европска комисија и притисок врз поединечни земји членки, за блокирање на спроведувањето на законот.