Морган Натсон, како УИ дизајнер работи а потоа и раководи со редизајнот на Гугл+ во 2011. Според сето она што го кажува производот никогаш не ни имал шанса.
Натсон има и персонални проблеми со Гугл, бидејќи првично бил донесен во компанијата за да работи на Хром, за веднаш да биде префрлен во Гугл+, а и се кае што не преговарал околу платата туку ја прифатил првата понуда. Меѓутоа на страна ова, тој дава инсајдерски информации кои подетално го објаснуваат константниот неуспех што Гугл го има во својот обид да создаде социјална мрежа.
Негова прва забелешка е што главна мотивација на раководителот на проектот Вик Гундотра, е стравот, поточно паниката од тоа дека Гугл нема пристап до податоците што Фејсбук ги поседува, што значи дека Гугл не ги индексира сите податоци на интернет.
Тој му признава на Вик дека успеал да ја искористи својата моќ во Гугл за да направи Плус да биде присутен насекаде во компанијата што значи дека секој поголем проект бил задолжен да го интегрира Гугл плус во своите опции.
„Ако твојот тим, да речеме работи на Гмаил и Андроид, ги интегрира Гугл+ опциите тогаш твојот тим ќе добие 1,5 до 3 пати поголем годишен бонус. А бонусот веќе изнесува околу 15% од твојата плата.
Убаво читаш. Еден тон пари се дадени за да го уништиш производот на кој работиш, со додавање на непотребно ѓубре кое никому не му треба. Никој не го сакаше ова, ама на луѓето не им сметаше, главно затоа што добиваа пари за тоа,“ објаснува Натсон.
Во поплавата од пораки што ги објавува Натсон опишува дека добар дел од дизајнерскиот тим е крајно разочарување, за добар дел од нив тоа е прво вработување, а речиси за сите поважно е завршување на задачите што ги имаат, отколку следење на какво било корисничко искуство или конзистентност со дизајнот на останатите производи на Гугл.
Комплетното излагање на Натсон од над 100 твитови го имате тука