Ќе дошла во Лесковац со знаме на ОВК

Пред натпреварот Србија - Албанија во рамки од квалификациите за Светско првенство 2026 полека растат тензиите. Од албанска страна полетаа неколку изјави, Србите уште се мирни и не галамат. Извесна Јулијана Нура познат модел од Инстаграм која ја следат 190.000 луѓе, во емисијата Фаворит рекла: „Ќе дојдам на мечот против Србија, и тоа со знамето на УЧК. Имам фински пасош, ништо не ми можат, зашто таму имам луѓе“, рекла Нура во емисијата „Фаворит“.

Таа наводно добила влезница од првиот човек на фудбалскиот сојуз на Албанија и сакала да присуствува на натпреварот.

Дуелот Србија - Албанија е закажан за сабота, 11-ти октомври од 20:45 часот. Наместо во Белград на стадион кој има капацитет од преку 50.000 гледачи, Србите решија да го префрлат во Лесковац на стадионот „Дубочица“ кој собира 6.000 гледачи.

Притоа селекторот на репрезентациајта Драган Стојковиќ - Пикси кажа дека има информација дека ќе има и помалку од 6.000 гледачи. Фудбалскиот сојуз на Србија најави дека карти нема да има во слободна продажба туку дека ќе ги дели по фудбалски школи и по нивни одбори ширум земјата. 

Во меѓувреме навивачите на Приштина на првенствен натпревар извадиле скандалозна парола со натпис:

„Во нашиот Лесковац, на албанска земја направете нè горди. Во името на историјата“ 

 

7 октомври 2025 - 09:12