Она што Гугл го сака е да биде дифолтен пребарувач на Сафари на Ајфон. Бројките за тоа колку ќе чини пол-позицијата на Гугл се базираат на проценки на Голдман сакс, а освен овие 9 во 2018, за истата привилегија Гугл во 2019 ќе плати уште 12 милијарди долари.
Сумата што ја предвидуваат банкарите се базира на бројот на пребарувања на Гугл што доаѓаат од Сафари или од Сири. Гугл минатата година мораше од ново да ги преговара условите за соработка со Епл, и претпоставките се дека Епл ја има зголемено основицата за наплата.
Во 2017 проценката беше дека Гугл по иста основа годишно на Епл му плаќа 3 милијарди евра. За сега единствена прецизна бројка што се знае, благодарејќи на судски документи, е дека Гугл за својата позиција на Сафари во 2014 на Епл му има платено 1 милијарда долари.
13% од вкупните приходи на Епл во фискалната 2017 отпаѓаат на наплата на пристап до своите корисници. Освен пребарувачот на Сафари, ова опфаќа сервиси како софтвер продаван во Апп стор или претплати на Епл Мјузик и Ајклауд.