Пример, Епл купуваше опрема за производство и специјален алат за составување на Ајфони, Фејсбук плаќаше за моќни компјутерски сервери и подморски кабли за Инстаграм без проблем да ги врти милиони видеа.
Со вложените пари, кои се два пати повеќе во споредба со 40-те милијарди долари кои ги потрошија во 2015, овие компании влегоа во исто друштво со авто-производителите, телефонските и нафтените компании, кои имаат најголема потрошувачка на капитални добра, вклучувајќи фабрики, тешка машинерија и недвижнини во САД.
Сумата што тие ја трошат е 10 пати поголема отколку она што Генерал моторс годишно го троши на фабрики, машини и роботи за составување автомобили, и други материјали. Со тие инвестиции Генерал моторс годишно произведува и продава 10 милиони автомобили.
„Сметката од 80 милијарди долари е и приказ за тоа зошто е толку тешко да се собори некој од технолошките гиганти. Како може компанија да се надева дека ќе се натпреварува со автономните возила на Гугл кога тие трошат 20 милијарди долари годишно за да осигураат дека ги имаат најдобрите ласерски наведувани сензори и компјутерски чипови? Има многу физички имот зад сите тие интернет облаци,“ објаснува колумнистката за технологија на Блумберг, Шира Овиде.