Таг: микрософт

Микрософт активира нуклеарна електрана за ти да можеш да го смараш ЧатГПТ со безвезности

Нуклеарната централа на островот Три милји во Пенсилванија, каде во 1970-те се случува најголемата нуклеарна хаварија во САД, повторно е ставена во погон овој пат за потребите на ВИ операциите на Микрософт.

Микрософт го отпушти тимот за „рамковен“

Целосната екипа на Микрософт задолжена за ДЕИ (diversity, equity, inclusion), рамковниот за корпоративна Америка, од 1 јули остана без работа бидејќи веќе биле непотребни.

Васа-1 најстрашното нешто што излегло од Микрософт, до сега

Да, пак е ВИ, само кај ова страшното е што му давате една слика од човек, и потоа тој ви вади цели видеа со него, на кои зборува што и да му зададете вие. Помалку страшниот дел е што може да направи цел монолог на цртани ликови или ликови од слики. И сето ова го прави со акцент и природни движења.

Микрософт и ОпенАИ подготвуваат компјутер за ВИ од 100 милијарди долари

Суперкомпјутер што користи милиони специјализирани серверски чипови наменет за вештачка интелигенција и со цена од 100 милијарди долари е новиот заеднички проект на кој работат Микрософт и ОпенАИ.

ДакДакГо му се „шитна“ на Микрософт

Откако целата зделка е направена ќутенката, деновиве експерти за ИТ безбедност открија дека ДакДакГо повеќе не ви ја гарантира приватноста на интернет откако почнал да дозволува некои од скриптите за следење на Микрософт да ја минуваат вградената блокада.

Микрософт го купува Активижн Близард за 68,7 милијарди долари

За овие пари Микрософт по ново ќе биде сопственик на Call of Duty, World of Warcraft, Diablo и Candy Crush. За споредба, во 2016 Микрософт го купи Линкдин за 26 милијарди долари.

Ричард Сталман говореше во седиштето на Микрософт

Во настан кој до пред само десетина години би бил доживеан како сигурен предзнак на Апокалипсата, основачот на ГНУ проектот се појави во Микрософт и држеше говор.

Микрософт стана визионерската компанија, а Епл се заглави во еден производ

Неделава Микрософт го премина Епл како највредната компанија на светот (барем на кратко), подвиг кој оди на контото на првиот човек на Микрософт, Сатја Надела, а се припишува на слабостите на Тим Кук.

Што ми се допаѓаше кај Пол Ален

Збогување на Бил Гејтс со својот пријател и ко-основач на Микрософт, Пол Ален.

Технолошките гиганти потрошија 80 милијарди долари за никој да не може да им конкурира

5-те најголеми технолошки компании во САД, Гугл, Амазон, Епл, Микрософт и Фејсбук, на кои до сега вие им бевте еден од главните производи што го продаваа, изминатава година заедно потрошија 80 милијарди долари на физички имот, вклучително машинерија и алат, во својата трансформација во класични индустриски гиганти.

Фејсбук, Гугл и Микрософт и лагата наречена твои приватни податоци

Комбинација од дизајн, зборови кои наведуваат на погрешен заклучок и илузија на контрола се дел од мерките што трите технолошки џинови ги користат за прелажување на корисниците да им ги отстапат нивните лични податоци, покажува студија на Норвешкиот потрошувачки совет.

Како тоа Бинг уште не е пропаднат?

Излезе дека Бинг прави пари. Околу 5 милијарди долари годишно.

Микрософт Еџ го бива само за една работа

За Микрософт проблем е што ова му е накалемено уште од времето на ИЕ 6 и уште не може да крене глава. За сите што сурфаат на интернет проблем е што Гугл Хром крајно доминантен браусер кој безмилосно те манијачи и запишува сè што некогаш си направил, и баш и нема нешто многу што можеш да преземеш во врска со тоа (затоа што си премногу мрзлив/а за барем да инсталираш Фајрфокс или Опера).

Многу богати компании само што станаа уште побогати

Гугл (Алфабет), Интел и Микрософт, ги објавија резултатите за третиот квартал од годинава, а во нив сите четири минаа подобро отколку што и они самите очекуваат.

Американскиот Врховен суд ќе решава дали САД ќе може да шпионираат низ цел свет

Случајот за кој треба да одлучува судот е „САД против Микрософт“ и уште од сега се смета за клучниот случај за иднината на интернет приватноста.

Пакистанскиот премиер падна заради фонт на Микрософт

Наваз Шариф ќе мора да поднесе оставка на позицијата премиер на Пакистан откако тамошниот Врховен суд одлучи дека тој бил "нечесен кон Парламентот и судскиот систем" на земјата. Човекот крајно успешно фалсификувал документи, само историски го утнал фонтот.

Микрософт го гаси Пеинт

Над 3 децении стариот артефакт од првите денови на Виндоус се најде на списокот елементи на Виндоус 10 кои или ќе бидат отстранети или повеќе нема да бидат развивани.

Крајот на џиновите?

Гугл собира 77% од парите за реклами во резултатите од пребарување. Гугл и Фејсбук контролираат 56% од пазарот на реклами на мобилни уреди. На Амазон отпаѓа 70% од целата продажба на е-книги и 30% од е-трговијата во САД. Низ Фејсбук минуваат 75% од сите инстант пораки, кога ќе се собере сообраќајот на ФБ месинџерот, Вотсап и Инстаграм пораките.

Микрософт стана член на Линукс фондацијата

Во 2001 Стив Балмер го опиша Линукс како "рак кој се закачува на сè, од интелектуална сопственост, што ќе допре". Минатата недела Микрософт објави дека се приклучува кон Линукс фондацијата како платински член.

Како Микрософт стана Епл, и обратно

Во средата Микрософт го презентираше својот прв десктоп компјутер, Сурфејс студио, кој е последниот чекор во еволуцијата на Сурфејс од проект, преку таблет до десктоп. Има екран од 28 инчи, чини 3.000 долари и е нереално револуционерен напредок кај компјутерите. Ден подоцна Епл го презентираше Мекбук про, кој е уште едно во редот предвидливи поколенија што Епл ги вади последниве години: потенок, побрз и поскап од претходникот.