Микрософт го отпушти тимот за „рамковен“

Целосната екипа на Микрософт задолжена за ДЕИ (diversity, equity, inclusion), рамковниот за корпоративна Америка, од 1 јули остана без работа бидејќи веќе биле непотребни.

Тимот бил збришан од платниот список на Микрософт заради „променети бизнис потреби“ на компанијата, а не е познато колку точно вработени се опфатени со тоа.

„Работата за вистинските системски промени поврзана со ДЕИ повеќе не е бизнис критична или важна како што беше во 2020,“ напишал лидерот на ДЕИ тимот на Микрософт во мејлот испратен до илјадници вработени на компанијата.

ДЕИ беше модата што зафати бројни технолошки компании, вклучително и Микрософт, по убиството на Џорџ Флојд во 2020. Во тоа време Микрософт вети дека за 2 пати ќе го зголеми бројот на црнци лидери во компанијата до 2025. Од компанијата не соопштуваат колкав напредок е направен на оваа тема.

Освен МС, на почетокот од годинава Зум го отпушти ДЕИ тимот, а Гугл и Мета уште минатата година ги скратија своите ДЕИ програми.

Микрософт вообичаено отпуштањата ги прави во овој период на годината кога е крајот на нивната фискална година. Компанијата минатата година најави планови за отпуштање на 10.000 вработени, а од тогаш има спроведено и дополнителни отпуштања.

17 јули 2024 - 13:03