Коментарот за целата ситуација главно се сведува на она што Алесандро Сегала, продукт менаџер за опен сорс на Азур, облак платформата на Микрософт, го напиша на Твитер под фотографија од говорот на Сталман: „Ако светот заврши денес, знаете зошто“.
Како „вовед во Сталман“ треба да се знае дека тој во 1983-та го основа ГНУ проектот и од тогаш, овие над 35 години ги минува во борба против Микрософт. И пред и за време и по говорот, тој на својот сајт има посебна листа на причини зошто да не се користи Микрософт.
Од друга страна, Микрософт на времето го ословуваше ГПЛ (лиценца за слободен софтвер) како рак, за од пред некое време да го вклучи Линукс кернелот во Виндоус.
Ниту Сталман, ниту Микрософт не коментираат за што се работи и по која основа била соработката.