Зеинаб, Либан
Бев седмо одделение кога првпат дојдов во Канада. Памтам кога разговаравме со другарчињата и нон -стоп слушав "Викендов сум кај татко ми, следниот кај мајка ми." Постојаното слушање за полу-родители, полу-браќа, полу-сестри ми беше шокантно бидејќи во Либан, луѓето главно не се разведуваат. Мислев дека тоа е така само на филмови.
Дана, Обединетите Арапски Емирати
Со семејството дојдовме од Дубаи пред три години и тоа е најдобрата одлука која некогаш сме ја донеле. Една од првите работи што ја забележав беше колку луѓето овде се љубезни и подготвени да ти помогнат. Друга работа што ме шокираше е како секој може да биде вработен, особено луѓе со хендикеп, бидејќи сите се третирани исто, без разлика на сè. Овде и ЛГБТ да си, пак те сметаат за нормален човек и никој не те осудува.
Жулиен, Франција
Не сакам да кажам ништо грубо бидејќи ја сакам Канада, ама навистина ме плаши колку досадна знае да биде! Сè што е интересно се случува во Америка. Тука сите се по хокејот но не можам да се сетам на нешто друго канадско. Таму дома сите доаѓаа заради Ајфеловата кула и другите наши стереотипи како кафињата, виното, сирењата. Што има во Канада од кое може да се гордее, освен тоа што сите се љубезни?
Миранда, Нов Зеланд
Најмногу се шокирав на една журка. Имаше еден кафеав, двајца црни, двајца бели и девојка облечена како каубоец, сите во круг и сите тегнеа дим од бонг. Си помислив "ете луѓе од комплетно различни култури поврзани со иста желба - да голтаат од тој ужасен дим'. Мислам дека не постои една канадска култура.
Ен, Виетнам
Кога дојдов да учам средно школо во Торонто беше август, топло време, како дома. Но, кога дојде декември? Комплетно друга приказна. Не бев ментално подготвена за таква зима. Кога температурата падна на нула степени, само сакав да си одам дома, на топло. И никој не ми ја разбираше желбата.
Ема, САД
Луѓето мислат дека Канаѓаните се фини и главно се такви. Но, треба да ги видите за време на Roll up the Rim (најпопуларната наградна игра на кафеџиите Тим Хортонс, годинава со 31 милион награди). Кога се случува тој натпревар, мајко моја, луѓето се претвораат во животни. Собираат картонски чаши и од вецеа и секој има свој метод на суеверие кој "му гарантира победа". Сето за за гага кафе? Лудило.
Хусан, Ирак
Канада е позната како пријателско место и очекував многу кога дојдов овде. И навистина, сè изгледаше ОК. Имаш многу слобода, луѓето си бркаат своја работа, нема многу насилство, но сепак сам мораш да си најдеш место во општеството. Очекував повеќе поддршка од локалците, од заедницата, но треба прво да најдеш заедница па да го почувствуваш тоа.
Бариел, Израел
Дојдов кога имав само 6 години. Првиот шок беше снегот и температурата. И шаренилото од луѓе. Уште го памтам првиот источен Азиец кој го сретнав во животот (нема многу такви во Израел). И да, во Канада секој што има меѓу 18 и 21 година не носи пушка.
Андреа, Египет
Дојдов како тинејџер. Луѓето овде јадеа многу чудно. Толку многу различни формалности околу јадењето, не можев да бидам опуштен како во Египет. Овде на едно место треба да јадеш со нож, вилушка и салфетка во скут, а на друго можеш со прсти, со макање! И пушењето, се разбира. Пушам од мал и чудно е кога си на журка а 80 посто од луѓето не сакаат да потегнат ни дим.
Лорин, Велика Британија
Дојдов на 16 години. Знаете колку Британците се горди на својата култура и инсистираат да ја одржат таква, од пиењето алкохол на млади години па до влегувањето во паб и ако се имаат само неколку минути слободни. На мојот прв ден во школо, самоуверено побарав од професорката 'гумичка' (а мислев на гума за бришење). Таа ме гледаше престрашено. Но, сепак најшокантно за мене е колку луѓето се овде љубезни.