Контроверзниот пионер на слободен софтвер си даде оставка во МИТ по неговите коментари за Џефри Епстин и Маврин Мински. И Сталман нема да биде последниот.
Неколку дена по обидот да биде можеби единствениот што ќе проба да ги одбрани Епстин и другарите, Ричард Сталман поднесе оставка на позицијата професор во МИТ и претседател на Фондацијата слободен софтвер.
Во настан кој до пред само десетина години би бил доживеан како сигурен предзнак на Апокалипсата, основачот на ГНУ проектот се појави во Микрософт и држеше говор.