Пеинт е дел од Виндоус уште од 1985 и е познат по својата едноставност и во последните 15-на години, бескорисност. Она што во иднина фабрички ќе доаѓа со Виндоус е Пеинт 3Д, наследникот на Пеинт.
Меѓу другите елементи што ќе бидат отстранети од 10-та се Аутлук експрес и Микрософт читачот (на разни формати). И двете ќе бидат вградени во Микрософт еџ (наследникот на Интернет експлорер).
Во инстант носталгијата што се разви по повод објавата се оплакува одлуката на Микрософт, и се јавија бројни закоравени корисници на веројатно најпростата апликација за цртање.
Меѓу предлозите за иднината на Пеинт е и неговиот код да биде пуштен како слободен софтвер и да се остави на заедницата да го оддржува како посебна апликација.
Еве што можат да направат во МС Пеинт луѓе со доволно знаење, живци и време: