Оригиналот е од пред 17 години и во тоа време беше сериозен технички исчекор, а и визуелен. Ни крив ни должен ИксПе во следните 10 години беше водечки оперативен систем, додека Микрософт размислуваше што ќе прави со себе. Камер Кан Авдан прави дизајнерски римејк на оперативниот систем и го шминка за 2018.
Над 3 децении стариот артефакт од првите денови на Виндоус се најде на списокот елементи на Виндоус 10 кои или ќе бидат отстранети или повеќе нема да бидат развивани.
- Ова е првиот компјутер што е некогаш направен - Праисториски... стар диносаурус - Виндоус 95? Како 1995-та? - Сè изгледа досадно и антички - Наратор: Не ти ги отвора страните затоа што на Виндоус 95 нема ВиФи. Копиљ: Штооооооо? Па како се закачуваш на интернет ако нема ВиФи???
Не 95-ка, туку Виндоус 93-ка, сместен во веб-страна и достапен на клик, ама достапен со комплетната своја одвратност, која по циклус од 20 години, сега изгледа некако свежо (како минатиот апдејт на иОС).
Комплетно ненамерно, кинеската дивизија на Микрософт на социјалните медиуми ја откри следната верзија на Виндоус. Народ ова инстантно го сфати дека Микрософт се со 9-та.
Компанијата најискрено сака да престанете да го користите ИксПе и за повеќе да не ве мисли подготвени се да учествуваат со 100 долари во следното купување на компјутер.
Уште не е познато колку Микрософт планира да заработи на Виндоус 8, ама затоа се знае дека планира да потроши меѓу 1,5 и 1,8 милијарди долари на негово рекламирање.