Виндоус најде човек што се вика Мек Бук

Единствената причина зошто Виндоус би имал потреба од човек со вакво име може да биде само маректингшка, и баш така е и употребен дечкото.

Се вика Мекензи Бук, доаѓа од Австралија, и е дел од новата кампања на Виндоус, а задача му е пред светот да сведочи дека Сурфејс лаптоп 2 е подобар од Мекбук.

Рекламата е повеќе Микрософт да си го направи меракот, а во исто време да не стравува дека на врат ќе се навлече армија адвокати затоа што избрал порака „Мек Бук рече купи си Сурфејс лаптоп“.

На потег е Епл кој треба да отвори телефонски именик и да види дали има некој „Мајк Рософт“ што би сакал да соработува со нив.

 

1 август 2019 - 10:52