Вебалици

Влогер, за реалноста да биде уште понереална

Влогер порано значеше блогер кој се изразува со видеа. Сега е исто само што не морате да снимате видеа. Гугл реши и официјално да нè запознае со својата нова ВИ алатка која од една единствена фотографија од кого било, може да создаде цело видео и истовремено избраната фаца (за која ќе решите дали ќе биде јунак или жртва), да каже што сакате. Постојат и други вакви алатки, ама кога Гугл се зафатил со тоа, нема враќање.

За тие што цело време нарачуваат астероид да удри

Пример, имате железен астероид со дијаметар од 500 метри кој со брзина од 25 км/ч ќе удри на градски плоштад. Од ова загинуваат 8.303 луѓе, кратерот е длабок 453 метри, и се протега речиси од бензинската кај поликлиника Букурешт до после Ист гејт.

Исто е, ама не е исто

На граничник меѓу САД и Канада, девојка демонстрира колку е лесно да се скокне од едната на другата страна. Дечко сака да го покаже истото, меѓу Индија и Пакистан.

Имаме нов фолоуер

„The Follower“ е софтвер што пребарува и открива како сте ги правеле фотографиите за Инстаграм. Ги користи отворените околни камери и вештачка интелигенција за да ви покаже како сте изгледале додека сте се местеле за фотка. Нема да заврши добро ова. Сево ова.

Веб алатки

Пет веб алатки кои можеби не ги знаете а можат многу да ви помогнат. Некои се толку корисни што ќе имате чувство дека правите нешто нелегално, бидејќи сè што е корисно, во последно време станува нелегално (или скапо). А не правите ништо нелегално. Ваљда.

Компјутерите се магија

Експериментален сервис за слики со користење на GFP-GAN (мхм и на нас ни е исто толку јасно па го викаме магија) речиси целосно реставрира стари фотографии, главно ликови, до ниво за кое некогаш беа потребни денови работа и кликање во Фотошоп.

Мегаблок, мега раат

Сервис за Твитер со благородна цел да ти обезбеди мир од најразлични напасти што те демнат по ним познати основи, кој е доста корисен и успешен во прочистување на воздухот над твоето парче Твитер.

Ројтерс „лајв скор“ за санкции против Русија

Сакајќи педантно да ја бележат секоја нова тула во ѕидот санкции што се крева околу Русија, Ројтерс изработи список, кој активно се ажурира, на сите санкции и нивниот обем што се наметнати против Русија.

Потрошете му ги парите на Елон Маск

На ваков шопинг не сте биле. Богатството на Маск е проценето на - копи-пејст, да не утнеме некоја нула -  $164,000,000,000. Имате на располагање 40-тина работи кои можете да си ги купите, од тенк до екипа на формула 1. Ние најбезобразно искликавме што ни душа сака и испадна дека сме му потрошиле само 0.085049% од парите. Требаше поише да го сокузиме.

Колку недели живот си стар?

Еден многу непријатен календар што годините на животот ти ги цепка на недели, па прави да излгеда многу поинаку кога ќе видиш дека на 40 години (во твојата 2030-та недела од животот) си безмалку на половина својот работен век и повеќе од половина од животниот век.

Како изгледаат најбезбедните сервери во Европа

Дата центарот кој нагалено го викаат швајцарскиот Форт Нокс е сместен во утробата на швајцарските Алпи, со мулти-левел заштити и автономност за која велат дека е булетпруф за какви било човечки или природни белји.

Радио бавча

Пред појавата на социјалните мрежи, вакви згодни и досетливи зезалици беа причина да се дојде на интернет. После појавата на социјалните мрежи, вакви згодни и досетливи зезалици се причина да се остане на интернет.

Агрегатор на вести со штимер

Агрегатори на вести знаат да им бидат многу корисни на оние луѓе кои ги занима што е она за кое сите пишуваат. Истовремено, агрегаторите се апсолутно досадни за оние кои не би да се бават со општи теми кои сите ги преџвакуваат. Разликата е отприлика како меѓу оние кои слушаат музика од топ листи и оние кои знаат што музика сакаат.   

Црно-бело во боја

Ветувањето на сервисот е дека ќе му аплоудираш црно-бели фотки, а он ќе ти ги врати во боја. И тоа и го прави сервисот. Отприлика.

Колку време му треба на Безос да ја заработи твојата годишна плата?

Пример (во некој многу добар случај) платата ти е 1.000 долари месечно, па годишно заработуваш солидни 12.000 долари. Колку би се разочарал кога би дознал дека Безос истите овие пари ги заработува за 2 минути? Добрата вест е што ова не е точно, многу полошата е што овие пари ги заработува за само 8 секунди, што е побрзо од 1.000 долари во секунда!

Ви се слуша канцеларија?

Аудио позадина со канцелариски звуци за сите што веќе почна да ги фаќа носталгија по работа во канцеларија. За сега имаат само канцеларија. Чекање на шалтер и „извини само да прашам“ веројатно ќе бидат достапни во следните верзии.

Ви се прават ЦВ-а?

Зошто на вашето следно залудно пријавување на наместен оглас за вработување да не се претставите со врвно скоцкано ЦВ? Ако ништо друго барем вие да си го направите меракот колку профи ви изгледало ЦВ-то.

Гугл пушти фина нова фора

Пред некое време Гугл го отвори топ-левел домејнот .new, и наместо стандардно играње со имиња, реши да го направи корисен за општата интернет популација.

Што прашања имаат децата?

Конверсејшн е австралиски новински веб-сајт кој главно се занимава со вести, анализи, истражувања и колумни на политички теми, и гледа тоа да го направи колку може побалансирано. Меѓу другото, сајтот има и посебна рубрика која нема врска со ништо од тоа, туку е за одговарање на прашања поставени исклучиво од деца, а одговорите доаѓаат од експерти на темата. И сето тоа функционира фантастично, децава стварно имаат поинтересни прашања од тоа што мислите, на кои стварно не знаете да одговорите.

Детокс апликација, затоа што до таму е стигната работата

Инсталираш апликација, по икона личи како твојата омилена што без разлмисување ја кликаш неброени пати на ден и за која одбиваш да признаеш дека си навелечен(a). По функционалности не прави ништо од тоа што очекуваш, само имаш икона, ти дава да ја кликнеш колку да ти пројде меракот, и ти брои колку пати ја имаш кликнато. Не е лошо за почеток за одвикнување.

Обемна и детална листа на алатки за дизјан (графички)

На страна изобилието, веројатно најважно е што листата е редовно одржувана, дополнувана и прочистувана ако има потреба. Има 35 категории со алатки за дизајн, скоро и да нема нешто што е прескокнато, и секоја од нив полна со пристоен број помагала објаснети со по неколку зборови. Заслужен букмарк.

Две он-лајн алатки за откажување од Фотошоп

Прво задолжително е да се нагласи дека Фотошоп е ненадминливо напредна и корисна алатка што не може да се замени. Ама некогаш има ситуации кога не ти треба целиот арсенал со кој располага Фотошоп, или па не ти е при рака за некои бејзик измени. Е за такви ситуации има два линка што директ треба да завршат во букмаркс.

Решение за луѓе со претерано многу отворени табови

Прв чекор е да го признаеш проблемот сам пред себе дека џабе цело време отвараш табови кога и онака никогаш нема да ги прочиташ. Второ што треба да си свесен е дека никој нема да ти ги реши табовите што ти дремат отворени, ама затоа има кој да ти помогне да ги спастриш сите тие табови по проекти или папки (а да не биде дека ги викаш букмаркс).

Правете место за нас

До крај на веков ќе исчезнат половина од јазиците кои денес се зборуваат низ светот. А кога исчезнува еден јазик, не се губат само зборовите, туку се губи една цела перспектива. На сајтов се обидуваат да зачуваат барем една живо изговорена мисла од Фелини.