„Improve the news“ е интересен агрегатор затоа што има неколку алатки со кои читателот може да го прилагоди својот информастивен свет на своите потреби и желби. Не само по теми, што е речиси стандардна можност кај агрегаторите, туку по своите политички, идеолошки, стилски и други преференци.
Идејата е на професорот Макс Тегмарк од МИТ и со неколку слајдери подесувате дали сакате да читате повеќе леви или повеќе десни вести, дали ве занима про или контра естаблишмент содржина, кој стил на пишување повеќе ви лежи и неколку други параметри.
Се разбира, вакви подесување се практично невозможни за македонската копи-пејст веб сцена.
Пробајте тука