Решение за луѓе со претерано многу отворени табови

Прв чекор е да го признаеш проблемот сам пред себе дека џабе цело време отвараш табови кога и онака никогаш нема да ги прочиташ. Второ што треба да си свесен е дека никој нема да ти ги реши табовите што ти дремат отворени, ама затоа има кој да ти помогне да ги спастриш сите тие табови по проекти или папки (а да не биде дека ги викаш букмаркс).

Воркона е екстензија за Гугл Хром која има амбициозна цел да стане „оперативен систем за работа на интернет“ и по пат да го олабави твојот ден, браусер и компјутер од десетици константно отворени табови.

Екстензијата се плаќа, ама има и бесплатна верзија на неограничено време. Сајтот тука.

17 август 2018 - 14:19