Таг: гугл хром

Гугл призна дека шпионира и во „инкогнито“

Паралелно со спогодбеното решавање на 5 милијарди долари тешката тужба по истата основа, Гугл јавно откри дека собира податоци од вашето користење на Гугл Хром дури и кога сте во „инкогнито“ начин на работење.

Бескорисен како екстензија за Гугл Хром

Во Хром веб-стор моментално има 188.620 екстензии кои во теорија би можеле да завршат речиси секоја работа во Гугл Хром. Во пракса речиси никој не ги користи за тие да можат да завршат што било.

Решение за луѓе со претерано многу отворени табови

Прв чекор е да го признаеш проблемот сам пред себе дека џабе цело време отвараш табови кога и онака никогаш нема да ги прочиташ. Второ што треба да си свесен е дека никој нема да ти ги реши табовите што ти дремат отворени, ама затоа има кој да ти помогне да ги спастриш сите тие табови по проекти или папки (а да не биде дека ги викаш букмаркс).

Микрософт Еџ го бива само за една работа

За Микрософт проблем е што ова му е накалемено уште од времето на ИЕ 6 и уште не може да крене глава. За сите што сурфаат на интернет проблем е што Гугл Хром крајно доминантен браусер кој безмилосно те манијачи и запишува сè што некогаш си направил, и баш и нема нешто многу што можеш да преземеш во врска со тоа (затоа што си премногу мрзлив/а за барем да инсталираш Фајрфокс или Опера).

Гугл Хром се претвора во новиот Интернет експлорер 6

Хром моментално е најпопуларниот браусер на која било група уреди, десктоп, лаптоп, таблет или мобилни. И ако на почетокот на ширењето на својата доминација Гугл гледаше да ги следи веб-стандардите, моментално неговите услуги ги игнорираат овие стандарди и ги тераат луѓето да користат Хром. Нешто слично како Микрософт и ИЕ6 во 2000-те.

Време е да се раскине со Гугл Хром

Џабе ти се сите апликации и екстензии, ако ти го сркаат целиот РАМ.

Почеток на крајот на Флеш банерите

Пред неколку месеци Гугл најави дека од 1-ви септември ќе се потруди вашето веб искуство во Гугл Хром да остане богато и интерактивно, а притоа да не ја цеди батеријата на лаптопот. Преводот на целата оваа политички коректна изјава е дека цел Флеш ќе биде на пауза.

За "seen" никогаш да не се повтори

Глобално решение за "seen" нема, ама има екстензија за Гугл Хром, па може и од таму да се почне. Ја инсталираш и екстензијата автоматски го блокира "seen" известувањето што треба да му стигне на другиот.

За фигуративната употреба на „буквално"

„Производ кој буквално ќе ве препороди", „Жена на која пред очи буквално è се појави смртта". Ова се само неколку наслови од наши медиуми коишто го отсликуваат истиот проблем што постои и во англискиот - погрешната употреба на терминот „буквално".

Хром со најинтелигентни корисници?

Гугл Хром има најпаметни корисници во споредба со другите браусери, барем по основа на сложувалки.