Во своја одбрана Гугл тврдеше дека им спомнал на корисниците дека инкогнито во Хром баш и не е целосно инкогнито, меѓутоа судијката во случајот одлучи дека тоа не е доволно бидејќи компанијата не дала експлицитно предупредување.
По ново Гугл продолжува да собира податоци во инкогнито, (ИП адреса, податоци за уредот од кој пристапува и историја на пребарување) меѓутоа сега им го нагласува тоа на корисниците.
Во тужбата поднесена пред судот во Калифорнија, која Гугл ја реши со спогодба, тужителите првично бараа по 5.000 долари отштета за секој корисник, по основа дека со собирањето податоци се прекршени федералните закони за прислушување и законите за приватност во Калифорнија.