Сè на сè околу 50% од овие речиси 190.000 екстензии имаат помалку од 16 активни инсталации, „што значи дека половина од екосистемот на Хром екстензии е град со духови“.
Во овие влегуваат и 19.379 екстензии (нешто повеќе од 10% од вкупниот број) кои имаат нула инсталации, а 25.540 (13% од вкупниот број) имаат само еден корисник.
Границата од 1.000 инсталации не успеваат да ја минат дури 87% од сите екстензии што постојат за Гугл Хром.
Истражувањето и скенирањето на целиот веб-стор од Екстенжн монитор, покажало дека многу малку екстензии за Хром успеваат да соберат верна публика. Само 13 Гугл хром екстензии успеале да соберат над 10 милиони корисници (Google Translate, Adobe Acrobat, Tampermonkey, Avast Online Security, Adblock Plus, Adblock, uBlock Origin, Pinterest Save Button, Cisco Webex, Grammarly for Chrome, Skype, Avast SafePrice, Honey) и од овие 13 добар дел се инсталираат автоматски при инсталирање на некоја одделна програма (пример Скајп, Аваст, Адоуб), а не по барање на корисникот.